Денес околу 09:00 часот на патниот правец Маврово – Дебар поточно веднаш кај Бигорски манастир се случи страотна сообраќајна несреќа.
Шофер на кола (засега не е позната марката) изгубил контрола над своето возило што донело до нејзино превртување. Според очевидци, настраданиот шофер возел со брзина поголема од дозволената.
На местото на настанот пристигна и екипа на Брза Помош каде на повредениот му е укажа прва попош и е префрлен во Општата болница во Гостивар.
Шоферот има тешки телесни повреди но е надво од животна опасност.
На местото на сообраќајката пристигна и екипа на МВР Маврово и Ростуше и работаат на расветлување на случајот.
Патниот правец Маврово – Дебар се одвива нормално.