Страстите не се смируваат! Еден пенал ја потресе Европа! Страстите не стивнуваат ниту ден подоцна! ВАР, умри – Видеото објаснува сè (ВИДЕО)

Драматичен натпревар во 5.коло од групата Ф беше виден во Париз.

Париз Сент Жермен во 98. минута од пенал постигна гол против Њукасл и во последното коло влезе со два бода предност пред ривалите.

Голот за „светците“ го постигна Килијан Мбапе.

Овој пенал предизвика многу полемики, а страстите не стивнуваат ниту ден подоцна. Бројни фудбалски легенди го нападнаа главниот судија на натпреварот, Полјакот Шимон Марчињак, но и неговите колеги од ВАР собата. Квајтковски веќе го плати ,,даникот” и вечерва не судеше на мечот Реал Сосиедад – Салцбург, а се очекува и да биде суспендиран.

„Како може ова да е пенал за ПСЖ? Смешно“, напиша Гери Линекер на социјалната мрежа Х.

Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Стен Колимор беше уште попрецизен: „ВАР, умри, те молам“.

Алан Ширер, еден од најголемите асови во историјата на Њукасл, не го криеше своето незадоволство: „Каква глупоста“.

Пенал за парижаните беше досуден откако топката се одби од градите на Тино Ливраменто и го удри во рака. Марчињак не досуди пенал, но по интервенција на ВАР собата ја погледна снимката и ја смени одлуката.