СТРАШЕН МАСАКР! Трансродово лице упаднало во училиште и убило три деца и тројца возрасни! (ФОТО/ВИДЕО)

Полицијата веднаш интервенирала.

Одри Хејл (28) , трансродова жена од Нешвил , е идентификувана како напаѓачка во приватно христијанско училиште во тој град во американската сојузна држава Тенеси, во кое беа убиени три деца и тројца возрасни.

До него дошол Хејл, поранешен ученик на ова училиште вооружен со две полуавтоматски пушки и еден пиштол, соопшти полицијата. Таа убила три деветгодишни деца, ученици, како и тројца вработени, на возраст меѓу 60 и 61 година, јавуваат американските медиуми.

Потоа од вториот кат на училиштето пукала кон полицајците кои се приближувале до зградата, за полициската екипа да ја убие во училишниот ходник.

Полицијата не соопштува детали за можниот мотив за нападот, иако претпоставува дека се работи за некакво негодување против училиштето кај Хејл, кој своевремено присуствувал во институцијата.

Таа немала криминално досие пред ова масовно пукање , а во нејзината куќа било пронајдено повеќе оружје – две пушки, од кои едната била со скратена цевка. Кај убиената жена која го извршила нападот пронајдени се детални мапи на училиштето, како и други докази кои укажуваат дека нападот бил внимателно планиран.

Хејл се занимавала со графички дизајн, а минатата година дипломирала на Носи Колеџот за уметност и дизајн, каде што била наградена за нејзините достигнувања, пренесуваат американските медиуми. Таа е родена како жена и се претставувала како маж.

За овој напад зборуваше и американскиот претседател Џозеф Бајден , кој нареди знамињата на Белата куќа, јавните и воените институции да бидат спуштени на половина копје.

– Мораме да направиме повеќе за да го запреме оруженото насилство. Тоа ги распарчува нашите заедници. Повторно го повикувам Конгресот да усвои забрана за јуришно оружје – рече Бајден во Белата куќа.