Повеќе ученици се избодени со нож во средно училиште во Лос Анџелес, соопштија официјални лица.
Осомничениот е во бегство, а кампусот е привремено затворен.
Полицијата утринава околу 11 часот добила повик од средното училиште Ван Најс. Во критична состојба е 16-годишно момче, а во болница е пренесен уште еден ученик кој бил нападнат.
На видеата од местото на настанот се гледа како ученици ги носат на носилки, пишува Daily Mail.
– Студентите се безбедни, а полицијата ќе остане на терен и ќе продолжи да им дава поддршка на студентите и вработените. Родителите се известени – се навесува во соопштението.