СТРАШЕН ФУДБАЛ! Манчестер Сити го ‘потопи’ Ливерпул и тоа без Халанд – “Црвените“ го постигнаа првиот гол а потоа следуваше ‘пекол’ за нив (видео)
Фудбалерите на Манчестер Сити завршија одлична работа во трката за титулата на Премиер лигата бидејќи го совладаа Ливерпул со пресврт од 4:1.
Мохамед Салах ги доведе гостите во водство во 17. минута од натпреварот во 29. коло од Премиер лигата, но „црвените“ не направија многу повеќе од тоа против големиот ривал.
Веќе во 27. минута Јулијан Алварез беше стрелец на израмнувачкиот гол, а полувремето заврши со резултат 1:1.
Избраниците на Пеп Гвардиола уште во првата минута од продолжението преку Кевин де Бруин го потврдија пресвртот, а во 53. минута Илкај Гундоган зголеми на 3:1. Комплетната „поплава“ на Ливерпул се случи во 74. минута кога Џек Грилиш го постигна четвртиот гол на „Граѓаните“ во големото дерби.
Така Манчестер Сити и без Ерлинг Халанд успеа да заостане пет бода зад првопласираниот Арсенал. Тие две екипи до крајот на сезоната ќе одиграат уште 10 натпревари.
Што се однесува до Ливерпул, местото број четири што води во Лигата на шампионите отпаѓа на крајот од сезоната. Ова беше втор последователен пораз за избраниците на Јирген Клоп кои се на шестото место со 42 бода.