Нуркачките единици ги извадија младите девојки од водата.
Девојки од Америка на возраст од 17 и 18 години загинале додека пливале во немирни води за време на невремето во близина на плажата Кони Ајленд во Бруклин, Њујорк, соопштија локалните власти.
Во петокот вечерта по локално време, полицијата добила повик за итно спасување кога девојките исчезнале од очите во водата, а припадниците на воздухопловните сили и вработените во локалното пристаниште започнале потрага, пренесува АП.
Нуркачките единици ги извлекле младите девојчиња од водата, по што биле префрлени во блиската болница каде била констатирана смрт.
Очевидци велат дека повеќето луѓе на плажата побарале засолниште по почетокот на невремето, но дека две тинејџерки отишле да пливаат во немирните води.