СТРАШНА ЕКСПЛОЗИЈА НА ГАСОВОД ВО РОМАНИЈА: Четворица мртви изгореа живи во пожар

Има и петмина повредени.

Четири лица загинаа, а пет се повредени утринава во експлозија на гасовод на градилиште на автопат во источната област Вранча во Романија , соопшти владината служба за итни случаи.

Според информациите, пожарот бил изгаснат, а повредените се пренесени во болница . И загинатите и повредените во пожарот вршеле градежни работи на градилиштето на автопатот.

Причините за експлозијата се истражуваат , објави Аџерпрес.

Десетици луѓе беа повредени минатиот месец во експлозии на пумпа за течна нафта во романскиот град Креведија, во близина на главниот град Букурешт.