Автомобил се удри во група луѓе во Берлин во четврток попладне. На местото на настанот има повредени, меѓу кои и деца.
Несреќата се случила во населбата Вединг, на аголот од улиците Зештрасе и Донагестел, околу 13:10 часот. Според првичните информации, автомобил марка БМВ удрил во група деца на возраст од седум до осум години додека свртувал.
Според весникот „Билд“, од вкупно 15 деца, три биле повредени и однесени во блиската клиника Вирхов. Нивниот наставник исто така бил сериозно повреден.
Возачот излегол од несреќата неповреден, а полицијата го привела на местото на настанот.
Берлинската полиција потврди за весникот „Берлинер Моргенпост“ дека интервенира на местото на несреќата, но засега не може да даде детали за сторителот или точниот број на повредени. Се претпоставува дека станува збор за несреќа.