СТРАШНА НЕСРЕЌА: Деца си играле со нагазна мина стара повеќе децении и таа ЕКСПЛОДИРА

Девет деца загинаа во источен Авганистан од стара нагазна мина со која си играле.

Портпаролот на талибанците Хамидула Нисар изјави дека мината, која децата ја пронашле во близина на нивното село во провинцијата Газни, била стара неколку децении и експлодирала додека си играле со неа.

Тој додаде дека се убиени пет момчиња и четири девојчиња на возраст меѓу пет и 10 години.

Ваквите инциденти се вообичаени во Авганистан бидејќи има многу мини и оружје останати од војните.