СТРАШНА ПОВРЕДА НА НБА-ЅВЕЗДА: Крис Пол ЈА СКРШИ РАКАТА во игра! (ВИДЕО)

Кошаркарите на Голден Стејт ги совладаа Детроит Пистонс со резултат 113:109, а триумфот на Вориорс остана во сенка на повредата на најгласното засилување на славниот тим – Крис Пол.

Тренерот на Вориорс, Стив Кер, извесно време нема да може да смета на Пол, кој на овој меч заработи фрактура на коската на левата рака.

Познатиот плејмејкер промаши тројка во третата четвртина и почна да скока во нападот, бидејќи топката се одби во негова насока. Сепак, прв пристигна играчот на Детроит. Во борбата за топката дојде до контакт, по што Пол веднаш ја фати со шаката. Веднаш се виде дека се работи за сериозна повреда. Тој ја напушти играта и отиде во соблекувалната, а подоцна беше утврдено дека се здобил со скршеница на коската и ќе му треба операција.

Верувале или не, тоа ќе биде петта операција на една од рацете на малерозниот Пол од почетокот на кариерата во НБА.