Страшна трагедија во Грција! Деца се затруле со гас! Пронајдени во несвест, едно почина!

Едно дете почина, а три се во критична состојба по истекување на гас во семејна куќа во Ксанти, Грција.

Според медиумите, момчето (16) го загубило животот, две од неговите сестри биле интубирани, додека третата сестра исто така е во тешка состојба. Децата утрово биле пронајдени во куќата без свест.

Според медиумите, родителите спиеле во горната соба, додека децата биле на приземје. Кога утрово мајката се симнала, забележала дека ниту едно од децата не се движи и веднаш повикала брза помош.

За жал, не долго откако сите биле пренесени во болница, лекарите можеле само да констатираат смрт на момчето. Неговите три сестри на возраст од 15, 18 и 20 години се во исклучително тешка состојба.

Во болница се хоспитализирани и таткото и мајката, но според грчките медиуми не биле забележани здравствени проблеми.

На трагедијата наводно и’ претходела поставување на резервоар за плин од надворешната страна на куќата. Засега не е познато како дошло до истекувањето .