СТРАШНА ТРАГЕДИЈА ВО СИБИР! Хеликоптер се запали при слетувањето, се бројат мртви и повредени (ВИДЕО)
Во хеликоптерот имало руски и белоруски туристи.
Хеликоптер се запали денеска при слетување и се урна во руската република Алтај, при што загинаа шест лица, а седум се повредени.
Ова е кажано за Спутник во регионалниот оддел на Министерството за вонредни ситуации на Русија.
– Хеликоптерот се запалил при слетување на локацијата Тјунгур во Република Алтај, а според првите податоци шест лица загинале, а седум се повредени – навеле од тој оддел.
Соопштено е дека претходно денеска локалните спасувачки служби соопштија дека хеликоптерот Ми-8 се запалил при слетување.
На социјалните мрежи се појавија тврдења дека во хеликоптерот имало руски и белоруски туристи.