Страшна трагедија! Момче (15) почина откако изеде јаболко, трогателни зборови на родители од Мелбурн
Макс бил алергичен на јаткасти плодови и не знаел дека семката од јаболко содржи алергени кои се опасни за него, поради што доживеал фатална анафилактична реакција.
Го користел својот адреналин, но развил ненадејна астма и бил итно пренесен во болница каде умрел 13 дена подоцна.
Неговата мајка Тамара и нејзиниот сопруг Бен ја споделија траумата што ја доживеаја тогаш и тешкотиите со кои сè уште се соочуваат.
Тамара рече дека нејзиниот син имал многу пријатели и дека не сакаат тоа што му се случи на Макс да му се случи на никој друг.
– Никогаш нема да биде исто и ни недостига секоја секунда, секој ден – рече таа.
Таткото на Макс, Бен, кој е лекар од итната медицинска помош, со солзи зборуваше за својот син.
– Го сакаше животот. Секое утро стануваше од кревет во шест часот и сакаше да направи сè што беше закажано за тој ден – рекол тој.
Неговите врсници ќе соберат пари кои ќе бидат донирани на Националниот центар за алергија со седиште во Детскиот истражувачки институт Мардок.