Страшна трагедија! Момче (3) пукало во мајка си и уште едно младо момче

Тригодишно момче од Индијана пукало во мајка си и млад човек кој полицијата го барала поради сомнение за убиство.

Полициски службеници пристигнале на местото на настанот откако добиле пријава дека минатиот четврток околу 20:30 часот по локално време во стан биле застрелани две лица. Полицијата не откри како момчето го фатило пиштолот и што го натерало да пука со оружјето, пренесува Sky News.

Момчето испукало само еден истрел, но успеа да ги погоди Трејшаун Смит (23) и Џејлин Артис (21). Смит е излекуван и неговиот живот не е во опасност.

Како што објави Скај њуз, тој потоа бил приведен од полицијата бидејќи по него била распишана потерница за убиство во соседната држава Илиноис. Потврдено е дека ранетиот е пријател на мајката на момчето.