Страшна трагедија! Хокеар почина откако противникот му го пресече вратот со палката – луѓе се онесвестуваа поради страшната сцена

Трагична вест доаѓа од Англија каде загина Адам Џонсон! Познатиот хокеар кој по кариерата во НХЛ играше во Велика Британија за Нотингем Пантерс почина на 29-годишна возраст откако му го пресекоа грлото со хокеарска палка!

На натпреварот помеѓу Нотингем Пантерс и Шефилд Стилерс во Шефилд, натпреварот беше прекинат по таа повреда, а навивачите шокирани од страшната повреда веднаш во солзи ја напуштија арената згрозени од она што се случи.

Очевидци потврдија за англиските медиуми дека несреќниот Џонсон по повредата се обидел да стане, но потоа се струполил на мразот. Брза помош го однела во болница, но за жал веќе било доцна и немало начин да се спаси.

Адам Џонсон е роден во Хибинг, Минесота, играл центар и бил левак. Играше во НХЛ за Питсбург Пингвинс, а потоа во Европа играше во Шведска за Малме, во Германија за Аугзбингер, каде трагично загина на теренот.