Страшниот криминал и корупција го разнишаа системот, порача Митева

„Со силен фокус на тоа што значи реформа – секој во својот сегмент со добра координација, многу посветеност и чесност – ќе успееме да ја вратиме Македонија на нивото на кое сакаме да ја видиме, а тоа е просперитерна, развојна и европска Македонија”.

Ова го истакна пратеничката и портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, во гостување во „Заспиј ако можеш” на ТВ Алфа.

– Страшниот криминал и корупција го разнишаа системот на Македонија и неспособноста која ја демонстрираа СДСМ и ДУИ – рече Митева.

Таа посочи дека партијата СДСМ ѝ дозволила сѐ на партијата ДУИ само за да се на власт.

– Факт е дека ние предолго време поради реториката на ДУИ и онаа политика на СДСМ да дозволат сето тоа да се случува само заради една единствена цел, за да останат на власт, се доведе во ситуација да имаме проблеми и поделби во општеството – додаде портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа потенцираше дека за набргу од денес, кога ќе се официјализира новата влада, ДУИ ќе е во опозиција.

– Наративот на ДУИ е нешто кое континуирано се случува изминативе години додека имаа огромни скандали позади себе за корупција, тие се обидуваа да ја заробат темата дека се легитимни претставници на Албанците во Македонија и без разлика колку тоа беше тешко, успеавме од почеток до крај да ја разобличиме таа слика која се обидуваа да ја презентираат во јавноста – заклучи Митева.