На српскиот кошаркар Бориша Симаниќ му беше отстранет бубрегот по удар што го доби на натпреварот против Јужен Судан.
На крајот од натпреварот од 3. коло од првата фаза, Симаниќ доби удар со лакт во пределот на бубрегот од Нуни Омото, по што беше пренесен во болница.
Направен е итен хируршки зафат, а на почетокот се чинеше дека е избегнато најлошото сценарио.
Сепак, во неделата вечерта пристигна информација дека на Бориша му е отстранет бубрегот.
Српските кошаркари пред натпреварот против Италија беа будни цела ноќ барајќи крводарител за Симаниќ, а за време на натпреварот дресот на Боришс беше на клупата.