СТРАШНИ ВИДЕА ОД ИСЛАНД: Хаотично по ерупцијата на вулканот (ВИДЕО)

Бидејќи – претходно забавената – ерупција на вулканот ги изненади граѓаните на Гриндавик, а лавата стигна до првите евакуирани куќи од населеното рибарско село, снимен е драматичен момент кога блескавата маса стигна до градежните работници и нивните возила, на моментот кога се обиделе да подигнат одбранбен ѕид за да го заштитат понатамошниот продор.

Снимката покажува храбри работници кои трчаат до работ на протокот на лава за да ја спасат нивната машинерија користена за изградба на одбранбени бариери околу Гриндавик откако вулканот на полуостровот Рејкјанес еруптираше по втор пат за помалку од еден месец.

На снимката, направена од работник во багер, се гледа како булдожер се движи кон патот додека стопената лава ја проголта десната страна на патот. Надзорникот Арман Џон Гарарсон изјави дека никој не е повреден во драматичната евакуација и дека сите возила се спасени.

Запрепастените жители на Гриндавик, кои вчераутро беа евакуирани од рибарскиот град пред да почне втората ерупција, мораа оддалеку да гледаат како вжештената лава зафати неколку од нивните домови. И покрај најдобрите напори на работниците да изградат одбранбена бариера околу градот, стопената карпа течеше кон куќите во најсеверниот дел на градот, изгорејќи ги за неколку минути.

– Ова е сериозно, во основа толку лошо колку што станува. Иако може да биде полошо, кој знае. Јас всушност живеам во куќата во која сум роден и тешко е да се помисли дека овој град можеби е готов и дека би требало да почнам одново на друго место. Но, ако е така, тогаш токму тоа ќе го направиме – изјави во неделата евакуираниот жител Јон Гаути Дагбјартсон.

Претседателот Гвидни Јоханесон во телевизиско обраќање доцна во неделата рече дека „започна застрашувачки период на немири на полуостровот Рејкјанес“ откако заспаниот вулкански систем се разбуди по речиси 800 години.