Центарот на Берлин утрово беше потресен од силни експлозии, по што над градот се издигна густ црн чад.
Според локалните медиуми, голем пожар избувнал на градилиште на облакодер во берлинскиот кварт Мите.
Пожарот избувнал околу 8:45 часот наутро, а му претходеле експлозии.
Наводно, имало три моќни експлозии со огромни ударни бранови, кои биле почувствувани и во соседните згради.
Експлозиите се случиле во интервал од една до две минути.
Се верува дека пожарот започнал на покривот на облакодерот, а причината за експлозијата и пожарот засега е непозната.
Засега нема информации за повредени, а голем број пожарникари брзаа да интервенираат.
Облакодерот каде што се случија експлозијата и пожарот е оддалечен околу 2 километри од Рајхстагот по воздушна линија.