Страшни сцени во Москва! Разорна сила за миг се струполи врз градот, има мртви, десетици повредени! (ВИДЕО)

Најмалку 35 лица се повредени, а двајца загинаа како последица на ураганот што во четвртокот ја зафати Москва.

Меѓу повредените има и шест деца.

Властите ги предупредија граѓаните да не излегуваат надвор при лоши временски услови поради обилните врнежи кои се очекуваат во главниот град на Русија. 

Ураганот предизвика голема штета на делови од градот.

Според податоците на надлежните служби, соборени се речиси 1.200 дрвја, оштетени се 645 автомобили и неколку столбови за улично осветлување, пренесува РИА Новости.