СТРАШНИ СЦЕНИ – Голем скандал во Лига Европа: Хулиганите на Фенербахче му ја разбија главата на Српскиот голман, судијата го прекина натпреварот! (видео)
Големи неволји за Марко Дмитровиќ, српскиот кој ја чува мрежата на Севиља. Откако во Ајндховен беше нападнат од хулиган дел од навивачката група на ПСВ, во Истанбул помина уште полошо.
Навивачите на Фенербахче во еден момент го натрупаа теренот со разни предмети. Несреќата на Митровиќ беше што во тој момент тој се најде пред трибината со најжестоките навивачи на турскиот тим. Го погодиле во главата и го раскравариле. Откако голманот на Севиља падна на теренот, натпреварот од осминафиналето на Лига Европа беше прекинат додека не му беше укажана помош.
Шпанскиот тим загуби со резлутат од 1:0, но благодарение на победата од 2:0 во првиот натпревар се пласираше во четвртфиналето на Лига Европа.
Дмитровиќ имаше непријатност и на последното европско гостување на Севиља, но тогаш не беше сериозно повреден. Пијан навивач на ПСВ влета на теренот и го удри Дмитровиќ, но српскиот голман го совлада и го задржа на теренот додека не пристигна обезбедувањето. Хулиганот подоцна беше осуден на два месеци затвор.