СТРАШНИ СЦЕНИ ОД ХРВАТСКА – Брутална тепачка на две навивачки групи: Еден паднал на земја, по што следело сурово ‘газење’! (видео)

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео од брутална хулиганска тепачка во Осиек, Хрватска.

Футсал тимот на Динамо од Загреб во петокот убедливо го победи Осиек на гостински терен (6:2), а по натпреварот пред салата „Зрињевац“ во блискиот парк дошло до масовна тепачка меѓу членовите на навивачките групи на двата тима.

Во пресметката наводно учествувале 40-тина навивачи од едната и од другата страна, а судејќи по видеата кои се појавија на социјалните мрежи, предност имале навивачите на Осиек.

Во паркот настанала тепачка, а во еден момент членовите на навивачката група на Динамо почнале да бегаат. Во општиот хаос, еден од нивните членови паднал на земја, а потоа следела крвава тепачка. Го шутирале додека можеле, а звуците од страшните удари се слушале низ паркот.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ОВДЕ!

На крајот од видеото може да се слушне како хулиганите гордо пеат: „Ние сме најсилни, ние сме најсилни, најсилни“, од што можеме да се заклучи дека тоа се навивачите со име Блу Бојс.