Страшното невреме уништи сè, луѓето се исплашија: „Ова го има само во филмови“ (ФОТО/ВИДЕО)

Нереални сцени се снимени во градот Тонгату во Јужноафриканската Република, кој беше уништен од силно торнадо.

Најмалку 11 лица загинаа во виорот на северот на провинцијата КваЗулу-Натал. Повеќе од 55 лица се повредени и задржани на болничко лекување.

1.200 лица се раселени и се сместени во привремено прифатилиште каде добиваат хуманитарна помош.

„Во моментов Тонгат е класифициран како најтешко погодената област со уништени стотици куќи. Зафатена е јавната инфраструктура како училишта, патишта, домови и здравствени институции“, се вели во соопштението на локалните власти.

,,Го поминав цел ден расчистувајќи ги урнатините во Тонгат. Вакво нешто може да се види само на филмови, или други земји. Од градот не остана ништо”, напишал еден корисник на Ксу.

Тонгат се наоѓа во близина на Дурбан, на источниот брег на Јужна Африка.