Страшното пророштво на Баба Ванѓа кое го потресе светот: Оваа свадба ќе ја убие девојката, ќе умреме заедно

Познатата бугарска пророчица Вангелија Густерова, позната како Баба Ванѓа, изговарала застрашувачки зборови додека ја гледала свадбата на Дијана и Чарлс. Таа веруваше дека овој брак ќе ја убие.

Спектакуларната венчавка ја пренесоа телевизиите ширум светот. Неверојатни 750 милиони луѓе во 74 земји го следеа телевизискиот пренос на сензационалната церемонија, свадбата на деценијата помеѓу Дајана Спенсер и Чарлс, принцот од Велс. Илјадници километри подалеку, познатата  пророчица имала застрашувачка визија.

– Оваа свадба ќе ја убие девојката – кратко рече таа, а потоа и се слоши и се онесвести.

За време на свадбената церемонија Чарлс и Дијана биле нервозни што ги натерало и двајцата да згрешат додека ги кажувале своите свадбени завети. Многумина тогаш тоа го сметаа за лош знак и тврдеа дека бракот започнат на овој начин нема светла иднина, а како што се испостави, тие беа во право, како и Баба Ванѓа.

– Две недели Чарлс и Дијана се однесуваа како да се под магија. За прв пат откако работам за принцот, не морав да го будам наутро – сведочеше камериерката на Чарлс.

И тогаш… како куќа од карти, сè почна да се руши.

Дијана секогаш и на секој чекор беше под интензивен надзор од толпа новинари и фоторепортери. Фотографиите од принцезата на таблоидниот пазар секојдневно рушиле рекорди. Тие вредеа цело богатство. Особено по разводот од Чарлс поради изневерување, изгубена љубов, непочитување – врската од бајките се претвори во вистински кошмар.

 

Набргу по венчавката, принцот Чарлс ја продолжи врската со својата поранешна љубов Камила Паркер, со која се ожени по смртта на Дијана. Чарлс и Дијана живееја одвоено од 1992 година, а се разведоа во 1996 година.

– Ги доживувам најлошите денови. Сè може да ми се случи сега. На пример, откажување на сопирачките, несреќа или смрт – напишала Дијана.

Ванѓа, и покрај тоа што често се губеше и не можеше да ги постави визиите во точната временска рамка, чувствуваше дека две големи жени ќе го напуштат овој свет речиси истовремено – таа и Дијана.

– Ќе слушне за мојата смрт, но ќе умреме заедно – заклучила Ванѓа која починала една година пред Дијана.