СТРАШНО – Во Полска е откриена гробница со 450 обезглавени ‘вампири’, а во устата имале необичен предмет: “Ова ја отстранува клетвата!“

Масовна гробница во која биле закопани повеќе од 400 наводни вампири е откриена за време на работи на патишта во Полска.

Во селото Лужино на североистокот од земјата е направено страшно откритие, а досега е потврдено дека се пронајдени околу 450 скелети на кои им биле отсечени главите и ставени меѓу нозете, а имало и паричка во нивните усти.

Тоа е практика која била вообичаена во XIX век, а се верувало дека оваа постапка го отстранувала „вампирското проклетство“.

Археологот Мацеј Стромски вели дека ова е откривање на масовна гробница на оние за кои се верува дека излегле од гробовите по смртта, па мештаните им ги отсекле главите за да ги спречат понатаму да се обидат да се „разбудат од мртвите“, пишува Daily Mail потсетувајќи дека слични откритија биле забележани во Полска и минатата година.

Меѓу телата биле пронајдени и скелети на жени „вампири“, а во нејзините раце се пронајдени черепи на мали деца. Исто така, во околу триесет проценти од гробовите се пронајдени „огради“, односно тули околу нозете, рацете и главата на починатиот за да не може да побегне.

Во XVII век, археолозите пронашле и „вампирски“ трупови во селото Пиен, а еден од нив, жена, имала свилена капа, што покажувало дека е од повисока класа.

Весникот потсетува дека митот за „немртвите“ доаѓа од централна Европа, а првите траги датираат од XI век. Основата на митот, за кој се напишани стотици романи, снимени се стотици филмови и серии, меѓу кои секако најпознат е „Dracula“ на Брам Стокер, потоа целата серија на Ен Рајс, е дека мртвите стануваат од гробовите, претворајќи се во крвожедни чудовишта, кои ги тероризираат живите.