СТРАШНО – Еве што е пронајдено во телефонот на момчето кое го изврши масакарот во Белград: Ова се најновите детали
Истрагата за грозоморното злосторство што на 3. мај го изврши 13-годишното момче во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, при што загинаа девет ученици и еден чувар, а беа повредени седум ученици и еден наставник, се уште трае. Во моментов се анализираат седум докази, а еден може да биде клучен,
пишуваат соседните медиуми.
Покрај пиштолот, молотовите коктели, мобилниот телефон, компјутерот и облеката на момчето, како и неговите лични белешки, кои вклучуваат тетратки и книги што тој ги читал, вештачењето вклучува и снимки од надзорните камери во училиштето кои би можеле да бидат клучни докази. Инспекторите веруваат дека на тие снимки се е снимено.
„Работиме на тоа на кого се јавил, за што точно разговарал со луѓето со кои бил во контакт, дали се скарал со некого, дали имал чувства кон, невозвратена љубов, дали се заканувал некому и дали некој му се заканувал нему. Компјутерот темелно се испитува од моментот кога почнал да го користи. Значи, ние разгледуваме што гледал, што правел. Исто така, се испитува дали вежбал гаѓање на друго место освен на стрелиште со татко му. Се разгледува дали можеби некому му најавил што ќе прави. Исто така, не се знае како момчето ја знаело шифрата на сефот на неговиот татко“, изјавило лице вклучено во истрагата за соседните медиуми.
Неодамна министерот за внатрешни работи на Србија, Братислав Гашиќ изјави дека видео надзорот во училиштето е во функција и се користел како доказ во истрагата.
„Кој повика полиција ? Се јави помошникот директор на училиштето. Дали убиецот се јави ? Да, и тој. Дали полицијата стигна по 10 минути ? Се прави целосна истрага“, изјавил министерот Братислав Гашиќ одговарајќи на прашања од пратениците во српскиот парламент.
Инаку, на момчето-убиец му биле потребни околу 120 секунди да застрела 16 луѓе, да смени рамка со куршуми, да скокне низ прозорецот и да повика полиција. Според информациите од лицата вклучени во истрагата тој дента во 8 часот и 40 минути влегол во училиштето, а веќе во 08 часот и 42 минути повикал полиција. Кривичното дело го извршил со пиштол C-З99 кој му го одзел на татко му В.К. Откако бил уапсен, во неговиот ранец биле пронајдени уште еден пиштол и четири молотови коктели. За време на крвавиот поход употребил дури пет шаржари со муниција.
Неговиот татко е осомничен дека го оставил оружјето на не доволно безбедно место. На сите обвинувања на истражителите, таткото рекол дека – „не е виновен“. Во сефот во станот имал пет пушки и два пиштола.
Момчето убиец моментално се наоѓа на психијатриска клиника.