Страшно злосторство во Италија: Млад шанкер ја убил својата бремена девојка и се обидел да го запали телото за да биде со својата бремена љубовница (фото)

Барменот Алесандро Импањатиело призна дека ја убил својата трудна девојка Џулија Трамонтано (29) по што го сокрил нејзиното тело во близина на нивниот дом. Сепак, неговите ѕверства не завршиле тука. Откако пријавил дека е исчезната, тој и’ праќал пораки глумејќи дека е загрижена, бидејќи таа не се слушнала со него.

Како што соопшти обвинителството, Импањатиело двапати се обидел да го запали телото на својата партнерка, еднаш во бањата на нивниот стан, а потоа во близина на куќата, по што го сокрил телото и пријавил дека е исчезната.

Импањатиело првенствено изјавил дека Џулија го оставила затоа што дознала дека ја изневерува со колешка од работа, која исто така е бремена од него.

Полицијата откри дека неколку дена пред убиството, убиецот пребарувал на Интернет за упатства како да запали тело и да ги отстрани доказите.

Неколку часа пред убиството, Џулија ја запознала љубовницата на Импањатиел. И двете жени покажале сочувство една кон друга, бидејќи не знаеле дека се измамени.

По убиството, Импањатиело и’ испратил порака на својата 23-годишна љубовница дека е „слободен човек“, но таа не сакала да го види.

Мајката на Импањатиело, Сабрина, рекла дека никогаш нема да му го прости злосторството што го направил, а ја замолила Џулија да и’ прости што родила чудовиште.

„Мојот син е чудовиште. Не знам што се случи. Сè уште не ми се верува“, изјавила мајката.

Многумина преку социјалните мрежи испратија пораки со поддршка и сочувство до семејството.

Колегите на сестрата на жртвата организираа кампања за собирање средства за помош на семејството на Џулија.