Овој вкусен појадок е готов за две минути и ви помага да ослабете

Британскиотт ТВ доктор Мајкл Мозли сподели вкусен рецепт за појадок кој е готов за само две минути. Тој појадок ќе нè држи сити со часови и ќе ни помогне да ослабеме.

„Започнете го денот со овој брз и лесен рецепт со 286 калории“, вели д-р Мозли.

Тоа е свежо сирење со боровинки и ореви. Потребни ви се 100 грама полномасно урда, половина лажичка мелен цимет, 40 грама боровинки и 20 грама ореви.

Овие намирници формираат здрав, разновиден и хранлив појадок. Експертите препорачуваат храна богата со растителни влакна, како што се овесни снегулки и житарки од цели зрна и храна богата со протеини, како јајца, на сите кои сакаат да ослабат. Свежото сирење е одличен извор на протеини и содржи релативно малку калории.

„Ова јадење е дефинитивно одличен избор за слабеење бидејќи содржи храна која ќе ве засити“, тврди д-р Мозли.