Дали Џорџина ѝ ја откри најголемата тајна на Јелена Карлеуша за Роналдо?

Српската пејачка Јелена Карлеуша и сопругата на познатиот фудбалер Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез, на модната недела се спријателиле во Париз, а се ,,заследиле” и на социјалната мрежа Инстаграм.

И двете прошетаа на ревијата на Vetements, а зад сцената изгледаше дека одлично се забавуваа.

На социјалните мрежи се појави видео од нивниот наизглед неврзан разговор, а фановите шпекулираат дека тие две всушност разговарале за нешто многу важно.

На видеото се слуша како Џорџина и’ вели на Јелена:

– Уште една година и завршува. Можеби две, не знам – изјави Родригез, поради што луѓето мислат дека таа зборува за крај на фудбалската кариера на нејзиниот сопруг.

Се чини дека ова е моментално најголемата тајна на познатиот фудбалер, која многумина сакаат да ја знаат, а дали токму Јелена ни донесе сува ексклузива, останува да видиме.