ЗАВРШЕНА ОБДУКЦИЈАТА на тинејџерката (16) – Не починала поради алергија, ОВА Е ПРИЧИНАТА за смртта

Резултатите од форензичката истрага за причината за ненадејната смрт на девојка (16) на Халкидики покажуваат дека причина за смртта не била алергиска реакција на храна, туку аспирација на стомачна содржина.

Дополнително, се уште се чекаат резултатите од лабораториските испитувања и тие треба дополнително да ги расветлат околностите на смртта на младата девојка од Ореокастро, пишува Прототема.

Според мајката на несреќната тинејџерка, таа била во Ханиоти со пријателите на одмор. Тие биле на забава, а потоа отишле да јадат во локален ресторан за брза храна во раните утрински часови во средата.

Семејството тврди дека девојчето било нетолерантно на лактоза и алергично на млечни производи. Девојката доживеала алергиски шок веднаш откако јадела хот-дог во ресторан на Халкидики каде престојувала со пријателите.

Една од нејзините пријатели веднаш истрчала во собата каде што престојувале да и донесат лекови, а во исто време повикале брза помош.

Меѓутоа, според мајката на жртвата, помошта пристигнала по 45 минути, кога веќе било доцна.

„Од првите докази изгледа дека моето девојче доживеа алергиски шок и почина. Таа беше најубавото дете и почина на 16 години без помош. Два пати се обидоа да ја реанимираат, но не успеаја“, рече мајката.

Во меѓувреме, сопственикот на локалот кој девојката и нејзините пријатели го посетиле во средата во раните утрински часови каде јаделе, за Прототема раскажува дека при нарачката на храната сега починатата девојка не ни споменала дека е алергична на некоја конкретна состојка и тврди дека таа не починала пред неговиот локал.