Кој е вториот човек кој беше со ликвидираниот македонски бизнисмен!? (фото)

Страшна вест утрово ја разбуди Македонија. Во вооружена пресметка која се случила на летувалиштето Ханиоти, Грција, беше пукано врз двајца македонски граѓани. Настанот се случил во 3:30 по полноќ.

Засега непознати лица пукале врз македонските граѓани и побегнале. Се претпоставува дека избегале во Бугарија или Македонија.

Еден од нив го загуби животот а другиот е пренесен во болница и не сè уште не се знае за неговата здравствена состојба.

Орхаин Бајрами е лицето кое го загуби животот.

Повеќе за овој настан можете да прочитате на следниот линк:

Детали за ликвидацијата на македонскиот бизнисмен: Неговиот пријател е тешко ранет, истрагата е во тек (фото)

Но, кој е вториот граѓанин кој беше заедно со Орхаин Бајрами!?

Сеад Слезовиќ е вториот македонски државјанин кон кого било пукано ноќеска во Ханиоти, објави Прототема. Тој е потешко повреден и пренесен на лекување во болницата Полигирос. Слезовиќ бил во придружба односно заедно отпатувал за Грција со Орхан Бајрами Оки, кој беше ликвидиран во вооружениот напад односно кога две лица со качулки почнале да пукаат кон апартманот во Ханиоти во кој биле двајцата македоснки државјани, пишува Нова Македонија.

Според неофицијалните податоци убиениот Орхан Бајрами  бил сопственик на казино во Македонија, а во него пукале лица на мотор кои се приближиле до апартманот каде престојувал заедно со Слезовиќ. Требало да се одјават од собата во 12 на пладне а неофицијално во Грција биле бидејќи бегале и им била најавена ликвидација.

Грчките медиуми пренесуваат и дека негов бизнис партнер неодамна бил егзекутиран во соседна држава.