Мигрантите се сè понасилни, испраќаме уште еден полициски контингент во Србија, тврди унгарската полиција

 Државниот секретар на МВР на Унгарија и заменик – министер Бенце Ретвари изјави дека илегалните мигранти се „сè понасилни“ во јужниот пограничен дел на Унгарија, поради што оваa година ќе испрати втор полициски контингент во Србија, кој од 21 се зголеми на 30 лица.

Тој изјави дека мигрантите „напаѓаат полицајци, користат оружје, ги оштетуваат објектите за заштита на границата и предизвикуваат сообраќајни несреќи со смртен исход“, пренесе унгарската полиција.

Посочи дека Унгарија е посветена на поддршката на Србија во борбата против илегалната миграција и потсети дека главниот правец на илегалната миграција води од Србија преку Унгарија до Австрија и дека од исклучително значење е натамошниот развој на ефективна соработка со австриската и српската страна.

„Заштитата на границите не е само прашање на јавната безбедност, туку и на националната безбедност“, рече Ретвари.

Според него, припадниците на контингентите вршат патролна должност како нивна главна задача со цел да се спречат и откријат илегалните гранични премини и да придонесуваат и учествуваат во процесите поврзани со шверцери на луѓе и илегални мигранти кои влегле на територијата на земјите домаќини.