ВИДЕО | СТРАШНА НЕСРЕЌА ВО СРБИЈА – На Интернет се појави снимка од тешка сообраќајка: Возел во спротивна насока на автопатот кон Белград и предизвикал…

Едно лице го загубило животот, а две се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила околу 16 часот претходниот ден на автопатот „Милош Велики“ кај Обреновац, во правец кон Белград (Србија), кога се судриле две возила

Како што неофицијално дознава Nova.rs, едно лице од автомобилот марка Fiat загинало, додека повредениот сопатник од истиот автомобил и возачот на Hyundai се пренесени во КБЦ Земун.

Несреќата се случила кај Јаков, а како што дознава Nova.rs, прво се судриле два автомобили, по што едниот се запалил.

На социјалните мрежи се појави застрашувачко видео на кое се гледа дека автомобилот што ја предизвикал несреќата на автопатот возел во спротивна насока, а видеото можете да го погледнете ТУКА.