Лидерот на Хамас опколен во својот бункер! „Израелските сили се борат во срцето на градот Газа“

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант потврди дека израелските сили (ИДФ) се во срцето на градот Газа и дека лидерот на Хамас во Газа, Јахја Синвар, е опколен во бункер.  Министерот не кажа каде се наоѓа бункерот, но претходно денеска изјави дека ИД „се бори во срцето на градот Газа“.

– Израел нема да владее со Газа по војната, а нема ни Хамас. Израелските војници ги елиминираат терористите, откриваат тунели, уништуваат оружје и продолжуваат да напредуваат во центарот на непријателот – рече Галант.