Драма во Бразил: Ќерката и девојката на Нејмар во канџите на киднаперите! И родителите на Бјанкарди беа врзани, дознајте во каква состојба се сега

Група разбојници се обиделе да ја киднапираат ќерката на бразилскиот фудбалер Нејмар, како и неговата девојка Бруно Бјанкарди, пишува шпанскиот весник Марка.

Тој обид за киднапирање се случи во вторникот во Котија, во државата Сао Паоло. Родителите на Бруна Бјанкарди биле на лице место во моментот на инвазијата на домот и биле врзани, но не биле повредени.

Семејната куќа веднаш била опколена од силна полиција која уапсила еден од криминалците, додека останатите избегале со луксузни чанти, часовници и накит.

Нејмар во вторникот наутро објави фотографија на Инстаграм со ќерката од дома, а неговата девојка тогаш го објави инцидентот.

-Утрово ми ја ограбија куќата и ги земаа моите родители како заложници. Јас, Мави и сестра ми веќе не живееме таму и не бевме таму во тоа време. Фала богу и тие се добро. Повторно ќе ги вратиме материјалните работи, најважно е сите да сме безбедни и да бидат фатени тие што учествуваа – напиша Бјанкарди.