ОВОЈ ЧОВЕК Е АПСОЛУТЕН РЕКОРДЕР – 12 години е болен, седи дома и добива плата !? Случај што го нема никаде во Европа, туку само на Балканот!

Секоја година се повеќе луѓе се на боледување. Ваква е сликата во различни делови на светот, а овој пат станува збор за Словенија. Имено, во оваа земја минатата година на боледување биле рекордни 56.128 вработени, пишува 24ur.com. Како резултат на тоа, биле изгубени повеќе од 20 милиони календарски денови.

Словенечкиот болнички систем, се додава, нема временско ограничување и затоа не може да се споредува со другите земји во Европа. Всушност, само Бугарија го има истиот систем во Европа.

Состојбата на полето на отсуство од работа од здравствени причини е загрижувачка во последните години“, предупредува Ана Водичар, раководителка на секторот за Заводот за здравствено осигурување на Словенија

Таа наведува дека минатата година имало рекорден број вработени на боледување, 84,8 отсто повеќе од 2014 година.

Еден работник од Словенија, сепак, е рекордер – 12 години е на боледување.

Нашата регулатива не знае за периодот за боледување. Во странските системи, по правило, привремената спреченост за работа трае една, можеби и три години. Потоа, доколку некој се уште е неспособен за работа, потрајна форма на неспособност или следи привремена неспособност. Во Словенија ја немаме оваа пресвртница. Ако некој е неспособен за работа и остане на боледување, останува вработен без разлика што е со години на боледување“, објаснува Ана Водичар и додава дека законодавството треба да се реформира.

Словенија пред 20 години загуби 13,5 милиони денови поради болест или повреда, а лани дури 20,5 милиони. Сепак, повеќе од два милиони дена биле изгубени само поради вирусот Ковид-19.

Со оглед на тоа што сè повеќе луѓе се на боледување, исплатите на паричниот надоместок неверојатно растат. Ако во 2014 година Словенците имале околу 225 милиони трошоци од фондот за здравство, лани платиле речиси 700 милиони евра.