Цената на гасот во Европа повторно порасна

Цената на гасот во Европа денеска повторно порасна по една недела над 40 евра за мегават-час.

Според податоците на амстердамската берза ТТФ, европските фјучерси на гас се продавале во 13 часот и 10 минути по цена од 43.100 евра за мегават-час, што е за речиси 10 отсто повисока од петокот.

Последен пат цената на гасот беше над 40 евра за мегават-час пред една недела. Според германскиот Virshaftvohe, пазарот реагирал на затворањето на гасоводот меѓу Финска и Естонија поради пад на притисокот.

Според финскиот оператор, можно е да имало истекување на гас, но истрагата се уште не е завршена. Индидент засега не претставува закана за снабдувањето со гас во Европа, но ја покажа ранливоста на мрежата за снабдување.

Друга причина за поскапувањето на бензинот е нападот на палестинскиот Хамас врз Израел, кој сепак имаше поголемо влијание врз цената на нафтата и стравот дека конфликтот може да се прошири.

И покрај ваквиот скок, цената на европскиот гас е значително под нивото од минатата година кога достигна 300 евра за мегават-час.