КОРИСНИ ТРИКОВИ- Постојано погрешно го користите рендето, ова е всушност правилната постапка (ВИДЕО)

Кујнскиот прибор ни го олеснува животот, но не е секогаш лесно да сфатиме како да ја користиме секоја паметно дизајнирана алатка.

Луѓето често се изненадени кога дознаваат дека неправилно користеле популарни уреди, кога цело време постоел полесен метод.

Повеќето луѓе кога користат ренде го држат над садот или директно над храната. Сепак, ова не е правилна употреба на оваа кујнска алатка.

Видеото во кое жена покажува како правилно се користи ренде стана вирално, а луѓето беа целосно воодушевени. Финтата е да се постави рендето хоризонтално на површината така што саканите „дупки“ да бидат на горната страна.

Рендето треба да се држи, а рендањето во таа положба ќе го задржи целото сирење внатре во рендето, без да мора подоцна да го соберете. По завршувањето на работата, едноставно ставете го сирењето каде што сакате.