ОВОЈ ВОЗАЧ САМО ОД ЧУДО ОСТАНАЛ ЖИВ: Снимил страшна несреќа во која се здобил со 20 скршеници, па на возачите им кажал САМО ЕДНО

На социјалните мрежи се појави видео од страшна сообраќајна несреќа, а ваквите сцени треба да ги предупредат сите возачи да внимаваат што се случува во сообраќајот, околу нив и да отворат „четири очи“ при возење.

Мотоциклист доживеал страшна несреќа во која се здобил со повеќе од 20 скршеници, а сето тоа го снимил на камера. Ве молиме имајте предвид дека снимката од несреќата може да биде вознемирувачка за некои гледачи.

Мотоциклистот решил да го објави видеото од несреќата, за која тврди дека се случила пред четири месеци, со цел да ја подигне свеста на возачот и на начин јавно да се покае за стореното, среќен што воопшто е жив.

На видеото се гледа како мотоциклистот се приближува од зад пикапот GMC Sierra пред практично да удри во него.

По судирот, мотоциклистот за малку ќе изгубил свест, но продолжил да вози.

Потоа можете да видите како приколката на камионот за малку ќе го прегази , па вистинско чудо е како возачот на овој две тркала навистина преживеал.

– Ова го нарекувам несреќа, но вината е само моја. „Имав преголема самодоверба и недоволна вештина“, рече тој за несреќата.

Овој возач верува во неговото успешно закрепнување и најавува дека ќе се врати на моторот, но дека неговиот стил на возење ќе биде значително различен во иднина.