ПИЛОТ ФОТОГРАФИРАЛ ВИНОЖИТО ОД АВИОН И ГИ ШОКИРАЛ СИТЕ: Ќе се изненадите кога ќе сфатите како навистина изгледа оваа прекрасна појава!

Пилот од итната спасувачка служба од Австралија го снимил виножитото од авионот и открил дека оваа појава не е во форма на лак, туку во полн круг.

Многумина беа изненадени кога дознаа еден помалку познат факт за виножитото . Тешко е да не се сака шарен природен феномен , но многу луѓе не знаат дека виножитото се протега надвор од полукружниот лак што го гледаме од земјата.

Море, Виножито, Планина

Австралиски пилот на авионска брза помош објасни дека виножитата се всушност цел круг и може да се видат во целост само од небото. Тој сподели слика на која се гледа виножитото во полн сјај.

– Дали знаевте дека виножитата се всушност полни кругови? Обично го гледаме само лакот затоа што земјата и хоризонтот го блокираат остатокот од кругот – стои во описот на сликата на Фејсбук

Фотографијата имаше многу коментари.

„Тоа е кругот на животот“, „Убава фотографија“, „Фала што го споделивте“, „Го видов од авион и не можев да поверувам“ – ова се само дел од коментарите под објавата.