Меџити и в.д. директорката на Клиниката за онкологија очекуваат брз реакција од надлежните за скандалот со лековите

– Министерот за здравство Фатмир Меџити на денешната прес-конференција која ја одржа заедно со в.д. директорите на Клиниката за онкологија д-р Виолета Клисаровска и Хаљид Матоши, истакна дека тие имаат увид во она што се случувало на Клиниката за онкологија, дека се што е побарано од нив од МВР и од обвинителството им е дадено, но за тоа кој е одговорен за криминалот таму одговори треба да даде обвинителството.  

Меџити рече дека во периодот кога тој е министер состојбата на онкологија е променета. За биолошката терапија за пациентите сега не одлучуваат еден или двајца доктори туку раководителите на сите 12 оддели на Клиниката еднаш неделно, а од тој момент директорката е изземена.  

Министерот за здравство Меџити и медицинскиот директор на Клиниката за онкологија Клисаровска потенцираа дека во овие шест месеци терапијата за пациентите е безбедна и сигурна и дека нема манипулации со терапијата.   

-За тоа како било порано сум споделил и тоа што било не е во мој домен, рече министерот за здравство. 

Во врска со системот КАТО истакна дека тој не е фрлен, туку дека е во собата каде што бил инсталиран заклучен и оти во изминатите месеци се прави анализа дали тој ќе се врати во употреба или ќе се користи друг систем за терапија. 

Меџити и Клисаровска побараа да не се ставаат сите доктори во ист кош и ги уверуваа пациентите дека сега нема проблеми со терапијата. Замолија да нема шпекулации за дополнително да не се вознемируваат пациентите. 

Од име на колегиумот на Клиниката на онкологија в.д директорката Клисаровска во врска со постапката која е во тек, кажа дека тие се целосно достапни на надлежните органи со цел брзо откривање на евентуалните виновнцини. Тие најостро го осудуваат секое несовесно постапување во Клиниката. Апелираше до надлежните надлежните институции час поскоро ако има виновници тие да бидат изведени пред лицето на правдата. 

Д-р Клисаровска излезе со молба и апел да не се генерализира проблемот врз целиот медицински тим. Таа одговорно им тврди на пациентите дека од ноември 2022 година кога таа е назначена за медицински директор секој пациент ја добива препишаната терапија без никави манипулации со лековите.   

Таа кажа дека претходно имала информации за бездноста на лековите по допрен глас, но дека тие не можеле да докажат. Д-р Клисаровска рече дека веќе има една медицинска сестра која во мај добила отказ од работа бидејќи била фатена со украдена терапија, но не од таа терапија за која се зборува во јавноста.   

Потврди дека поранешниот директор д-р Нино Васев денеска е дојден на работа на Клиниката.