СТРАШНО ЗЛОСТОРСТВО- Шпански фудбалер прободен во срце, Реал Мадрид изрази сочувство (ВИДЕО)

Шпанскиот фудбалер Пако Навал (24) е убиен во саботата вечерта при расправија што се случила во градот Кадиз на југот на земјата.

Шпански „АС“ пренесува дека Навал, кој настапува за аматерскиот клуб Чипиона ЦФ, бил прободен со нож во градите, веднаш до срцето, од осомничениот за убиството.

Ниту брзата реакција на докторот не помогна. По прободувањето, Навал искрварил до смрт и починал по пристигнувањето во најблиската медицинска установа.

Во шпанските медиуми се појави видео од апсењето на младиот човек осомничен за убиството на Навало, а за оваа трагедија се огласи и Кралскиот клуб

„Реал Мадрид длабоко жали за смртта на Навал, фудбалерот на Чипиона, и сака да изрази сочувство до неговиот клуб, семејството, соиграчите и најблиските“, напиша шпанскиот шампион на Твитер.

Сите кои го познаваа велеа дека Навал бил сакан и почитуван како соиграч, но и како личност, пренесуваат медиумите.