Страшно злосторство во училиште во Хрватска: Напаѓачот имал медицинска историја

Страшен инцидент се случил во основното училиште во Пречко во Загреб, кога тинејџер (19) со нож нападнал наставник и неколку ученици, а едно дете починало. Сега е откриено дека напаѓачот имал медицинска историја и дека не се работи за терористички чин.

Лицето е регистрирано како лице со психички нарушувања, пред една година се обидел да се самоубие, изјави министерот за внатрешни работи на Хрватска, Давор Божиновиќ.

– Тоа што и денеска се обиде да си го одземе животот покажува дека е тешко да се каже дека личноста била психички избалансирана – рече министерот.

Според последните информации, нема лица чии животи се во опасност, изјави Божиновиќ.

d.jpg

Тој потврди дека напаѓачот бил опколен во здравствениот дом каде почнал да се самоповредува и дека спречиле самоубиство.

Министерот за образование на Хрватска, Радован Фукс, додаде дека напаѓачот има медицинска историја, и дека не се работи за студент или терористички чин.

ВИДЕО

– Во директна комуникација сме со родителите и вработените. Постапката е во тек. Секако, прво ќе се контактираат родителите на повредените деца, како и сите други ученици, родители и наставници. Ќе се пружи индивидуална и групна психолошка помош – додаде Фукс.