Страшно злосторство! Синот ја убил мајка си, па се самоубил – се обидел да го ликвидира и татко му

Во градот Добро Поље, веднаш до Бољевац, се случила страшна трагедија, а според неофицијални информации на српски Информер, син си ја убил мајка си, се обидел да го ликвидира татко му, а потоа се самоубил.

Според сознанијата на Информер, на страшното злосторство му претходела кавга помеѓу родителите и нивниот син.

– Cè уште не е познато како синот ја убил мајка си, а како си го одзел животот. Полицијата врши увид на местото на трагедијата – вели извор од истрагата.

Наводно тешко повредениот татко бил пренесен во болница каде му биле констатирани повредите.