СТРАШНО! ОДНЕСЕНА ТРЕТА ЖРТВА ОД ПОЖАРОТ НА ЕВИЈА: Пронајдено изгореното тело на маж

Јагленирано тело на маж е пронајдено на грчкиот остров Евија, зафатено од пожари, изјави портпаролката на полицијата.

„Телото на маж е пронајдено изгорено и полициска единица оди на лице место за да провери дали се работи за овчар кој се води за исчезнат од неделата, кога избувнаа шумските пожари во Евија“, изјави Констанција Димоглиду, портпаролка на грчката полиција.

На истиот остров погоден од пожари како и другите грчки острови, денеска загинаа двајца пилоти кога нивниот противпожарен авион се урна додека се гасеа со пожарот.

Нивниот авион се урна при гаснење на пожар на југот на островот Евија , соопшти грчкото Министерство за одбрана.

Стотици пожарникари и четири авиони денеска се борат со пожарот на островот во близина на Атина.