СТРАШНО ОТКРИТИЕ! Прво ја убил сопругата, па скокнал од мост? Нови детали за ужасот во Нови Сад

Очевидци велат дека тој го признал убиството додека се заканувал дека ќе се фрли

Како што прв напиша Телеграф, денеска во Нови Сад, на мостот Темерин, се случил вистински хорор кога случајни минувачи виделе непознат маж како се заканува да скокне од мостот.

Околу себе врзал синџири и бетонски блок, а по еден час преговори со полицијата, мажот ја прескокнал оградата и скокнал од мостот.

Според последните информации тој неофицијално ја убил сопругата пред да се реши на овој потег.

Очевидци велат дека тој го признал убиството додека се заканувал дека ќе се фрли.

Според изворот на Телеграф, во населбата Клиса полицијата во куќата пронашла тело на жена.

На лице место се и неговите ќерки и неговата сестра, а сите три се во шок.

Мотивот засега е непознат.

Полицијата и брзата помош се на терен.

Во тек е истрага.