СТРАШНО! Полицаец прегази едногодишно дете: Мајката веднаш истрчала на улица – глетка од која ќе ви се заледи крвта (ФОТО)

17-месечно момче беше трагично убиено во четвртокот кога беше прегазено од полицаец во романскиот град Браил, на истокот на земјата.

Според тамошните медиуми, несреќата се случила околу 14 часот.

Надзорните камери го снимиле моментот на трагедијата, поточно моментот кога полициското возило се повлекува по разговорот со родителите на момчето, кои со себе имаат и пет мали деца.

Но, по разговорот полициското возило тргнува на патот, но полицаецот зад воланот не забележува дека малото момче останало пред автомобилот и само момент подоцна го прегазува со возилото.

Романија, несреќа

Негативен алкохолен тест

– За жал, зафатите за реанимација не дадоа резултат, а смртта на детето е констатирана од екипа на Итна помош. Полицаецот зад воланот бил тестиран со алкотест, а резултатот бил негативен – соопштија од полицијата во Браила.

Родителите на детето го изнесоа својот став за настанот по трагедијата и ги обвинија надлежните дека не ги пуштале да повикаат брза помош.

– Сакав да повикам помош, но не ми дозволија. Детето излезе од дворот – изјавила за медиумите мајката на Надја.

-Ми го зеде синот во раце и плачеше дека и тој има деца, и дека знае како ми е бидејќи и тој имал доживеано слична судбина. Жандармеријата дојде и го однесе како колега, а не како некој што го уби мојот син – додаде разочараниот татко Сорин.

Локалната полиција изрази сочувство до семејството, додека случајот се третира како убиство од небрежност.