Страшно! Упаднале во куќата на познат фудбалер, ја убиле неговата тетка и ги претепале мајка му и вујко му
Страшна вест доаѓа од Мексико, каде на фудбалерот на грчки АЕК , Родолфо Пизаро, му влегле крадци, а потоа ја задавил неговата тетка, а ги претепал мајка му и вујко му.
Играчот од средниот ред не бил во Мексико за време на злосторството. Според локалните медиуми, неговата тетка, Елизабет Томас Гонзалес, најпрвин била претепана, а потоа задавена, додека неговата мајка Лаура била тешко повредена.
Наводно, се се случило кога мајката и вујкото на фудбалерот заедно со куќната помошничка отишле кај неговата тетка, која не им се јавувала на телефон.
На местото на настанот затекнале грозоморни сцени, а провалниците ги тепале и тепале. Голема трагедија е избегната благодарение на куќната помошничка која успеала да повика помош, а на местото на настанот брзо пристигнале полициски патроли и медицински служби.
За жал, тие само можеле да ја утврдат смртта на тетката на Пизаро.