СТРАШНО – Џиновска ајкула нападнала сурфер и му ја изеде ногата! Човекот едвај преживеал во борбата со морскиот ѕвер: “Им благодарам на сите луѓе…“ (фото)

Десното стапало на сурфер ветеран му било одгризано во редок напад од ајкула на ХаваитеМајк Морита (58 г.) уживал во сурфањето во неделата наутро кога изненадно бил нападнат од овој морски ѕвер, потврдила Итната медицинска помош на главниот град на државата.

Официјалните лица подоцна откриле дека џиновскиот предатор бил тигарска ајкула долга речиси осум метри.

За среќа, колегите сурфери биле таму за да му помогнат и да го запре крварењето на човекот.

Веб-страната Honolulu Ocean Safety додаде дека нивните брзи реакции можеби го спасиле животот на 58-годишникот.

Кеани и Каму Морита, неговите две возрасни деца, им се заблагодарија на сурферите за нивната брза акција и спасувањето на нивниот татко.

На страницата GoFundMe (веб-страна за собирање донации) се собираат пари за негова операција а неговите деца напишаа: „Морита е чест сурфер на ова место околу 40 години и е добро познат на населението“.

Благодарение на помошта од храбрите сурфери, прва помош и персоналот во болницата ‘Queens‘, татко ми може да живее уште еден ден со своето семејство. За жал, поради тешките повреди здобиени во нападот, остана без десната нога“, велат неговите деца и додале дека го чека уште една операција.

Неговиот дух е голем и тој ја прифати повредата“, велат неговите деца и додаваат: „Тој ги прифаќа предизвиците со кои ќе се соочи и со Бога, неговото семејство и пријателите се покрај него а тој ќе остане позитивен и ќе го преброди ова“.

На плажата биле поставени знаци кои ги предупредуваа сурферите за потенцијална опасност, додека спасувачите и претставници на Одделот за земјиште и природни ресурси на Хаваи продолжија да патролираат во областа во деновите по нападот.

Поморските експерти веруваат дека неодамнешното дождливо време можеби било фактор за нападот.