Струмичани втор ден вода полнат од околните места, бидејќи маркетите не можат да постигнат да ги снабдуваат


Се полни од други општини, се чека ред по маркети, се порачуваат пакети директно од дисконти. Вака им изгледа саботниот ден на Струмичани, кои од вчера имаат и официјална забрана за пиење на водата од водоводната мрежа.

Граѓаните се исфрустрирани бидејќи со недели се шпекулира дека водата не е добра, но никој не реагирал досега.

Забраната за користење на водата од мрежата дојде по анализите на Центар за јавно здравје и од Агенцијата за храна и ветеринарство. Пронајдено е недозволено количество на манган, но можно е да содржи и други недозволени материи.

Од комуналното прептријатие велат дека најголема причина се неповолните хидролошки услови во изминатите месеци.

Вчерашното соопштение се поклопи со пресот на директорот на Струмичко Поле подружница на АД Водостопанство, кој обвинуваше дека Комуналец им должи за водата околу 70 милиони денари. Тој ги повика институциите да го истражат работењето на ова јавно претпријатие.

Проблемот со водата за пиење стана и тема за партиски препукувања. Па, така општинското раководство на ВМРО-ДПМНЕ ја обвини локалната власт за недомаќинско работење и негрижа за основните потреби на граѓаните, додека градоначалникот Костадинов возвратид ека еден од начините да се надминат проблемите на Кoмуналец е да се зголеми цената на водата, што тој рече дека не го поддржува.